Најнови огласи
ГРЕШКА warning

Помош

Добредојдовте на страната за помош на корисници. Тука ќе најдете одговор на најчесто поставуваните прашања од посетителите, но секако ние ги очекуваме вашите дополнителни прашања и коментари за темите што не се покриени. Изберете тема што Ве интересира или контактирајте нè за повеќе информации на help@pobaraj.com.mk
Како да станам корисник ?
За да можете да внесувате огласи на сајтот треба претходно да се регистрирате како корисник. Регистрацијата на корисници е брза, едноставна и бесплатна. Се што треба да направите е да влезете во категоријата "Нов корисник" која се наоѓа горе десно на главната страна и да ги внесете потребните информации. Формуларот за регистрација на корисник можете да го пополните и откако ќе влезете во категоријата "Додади оглас". Тој ќе се појави најдолу на страната пред да го додадете огласот. Откако ќе се регистрирате како корисник Вие имате корисничко име (Вашата е-мејл адреса) и лозинка кои ги внесувате при секое додавање на оглас кога се најавувате како корисник во категоријата "Најави се". Регистрираните корисници имаат одредени привилегии како што е пристапот до рубриката "Мои огласи" и рубриката "Зачувани огласи" ( повеќе информации под точка 6 )
Како да ставам оглас ?
За да ставите нов оглас треба да влезете во категоријата “Додади оглас бесплатно“ која се наоѓа на средина на екранот. Со кликнување на црното копче “Додади оглас бесплатно“ ја отварате листата со категории на огласи и продолжувате со следниве чекори за успешно додавање на оглас :
  • Чекор 1 : Одберете категорија
  • Пред Вас се наоѓа листата со категории во кои можете да го ставите Вашиот оглас. Со кликнување на одредена категорија се отвараат подкатегориите доколку постојат. Откако ќе ја одберете категоријата или подкатегоријата со кликнување на неа ќе забележите дека таа е обоена во црвено и штиклирана и долу десно се појавува зелено копче “Избери“. Треба да кликнете на копчето “Избери“ за да прејдете на следниот чекор.
  • Чекор 2 : Внесете го огласот
  • Пополнете го формуларот со информации за Вашиот оглас, внесете текст со детален опис и додадете фотографии за огласот доколку имате (не е задолжително). Доколку сте веќе најавени со Вашето корисничко име тогаш кликнете на црвеното копче “Додади“ за да го додадете огласот во избраната категорија. Ако не сте најавени, а веќе сте регистриран корисник тогаш кликнете на “Најава на корисник“ долу за да се најавите. Ако не сте регистриран корисник кликнете на “Нов корисник“ и пополнете ги потребните полиња за регистрација за да можете да го додадете огласот со кликнување на “Додади“.
  • Чекор 3 : Прикажување на додадениот оглас
  • Ова е последниот чекор каде добивате известување за успешно додавање на оглас.
Цена на огласување ?
Огласувањето на pobaraj.com.mk е бесплатно.
Како да додадам фотографија ?
Додавањето фотографии во огласите е многу едноставно. При пополнување на информациите за огласот ќе наидете на копчето “Додади слика“. Откако ќе кликнете на него ќе се отвори прозорецот за пребарување на слики во фајловите на Вашиот компjутер. Одберете ја сликата што сакате да ја ставите и кликнете на “Open“. Сликата ќе се прикаже во огласот што го додавате. Имате можност бесплатно да ставите максимум 5 фотографии.
Како да додадам видео ?
При додавањето на оглас имате можност да внесете и видео и оваа постапка е многу едноставна. За да додадете видео во Вашиот оглас треба да одите во „Youtube видео “ делот што се наоѓа под „Слики“, најдолу на страната за внесување на оглас.

Тука го внесувате линкот од посакуваното Youtube видео и кликнувате на „Прикажи“. Откако ќе кликнете на копчето „Прикажи“ ќе го видите видеото во Вашиот оглас. Кликнувате на „Додади“ за да ги зачувате внесените информации.
Како да изменам оглас ?
За да измените оглас кој бил претходно објавен од Ваша страна треба да одите на линкот „Мои огласи“ во „Мој побарај“ и да кликнете на копчето kopce za izmena na oglas за прикажување на оглас. Откако ќе кликнете на ова копче ќе се отвори избраниот оглас. Внесете ги потребните измени и кликнете на копчето „Додади“ за да ги зачувате измените.
Како да деактивирам оглас ?
Доколку сакате да деактивирате одреден оглас повторно треба да одите на линкот “Мои огласи“ во „Мој побарај“ и да кликнете на копчето kopce za deaktiviranje за да го деактивирате огласот.
По деактивирањето огласот веќе нема да се прикажува, но ќе остане зачуван и Вие имате можност повторно да го активирате на следново копче kopce za aktiviranje.
Опцијата за деактивирање и активирање на оглас е многу корисна кај огласите кои повторно се објавуваат по одреден период. На пр. Изнајмување на недвижнини итн. На тој начин Вие го активирате огласот и заштедувате време за повторно внесување.
Што е “Мој побарај“ ?
„Мој побарај“ е резервиран за регистрираните корисници кои имаат привилегија да ги гледаат ставените огласи, да зачувуваат огласи итн. Тие имаат пристап до следниве рубрики во „Мој побарај“ :

Мои огласи - Во оваа рубрика корисниците имаат увид во сите огласи кои ги додале на сајтот.

Зачувани огласи - Корисниците имаат можност да зачувуваат огласи од сите категории на сајтот и да ги прегледуваат во оваа рубрика.

Смени лозинка – Тука имате можност да ја смените својата корисничка лозинка доколку имате потреба за таа акција од безбедносни причини. За да ја смените лозинката пополнете ги бараните полиња и кликнете на копчето „Смени лозинка“.
Како да ја променам лозинката ?
Кога сте најавени на pobaraj.com.mk во делот „Мој побарај“, одете во подменито:
Смени лозинка – Променете ја својата корисничка лозинка доколку имате потреба за таа акција од безбедносни причини. За да ја смените лозинката пополнете ги бараните полиња и кликнете на копчето „Смени лозинка“.
Ја заборавив лозинката, што да правам ?
Ако се случи да ја заборавите Вашата лозинка и не можете да се најавите како корисник, тогаш треба да одите на линкот „За заборавена лозинка кликнете тука“. Откако ќе кликнете ќе се појави следниов екран :



Внесете ги потребните информации. Новата лозинка ќе Ви биде испратена на Вашата емаил адреса.
Како да ја позиционирам недвижнината која ја огласувам на мапа?
Сигурно забележавте дека во категоријата „Недвижности“ и категоријата „Туризам“ имате можност да ја позиционирате недвижнината која ја огласувате на мапа. Доколку имате потешкотии при позиционирањето погледнете го следното видео и повторете ја постапката за успешно огласување.